Исчезнатиот чичко Пепи, пронајден мртов во водите на Лепенец?

Исчезнатиот чичко Пепи од Скопје по кого се трагаше речиси две недели, пронајден е мртов во водите на реката Лепенец близу село Бардовци- Скопје, дознава „Слободен печат“. Како што информираат од порталот, неофицијално, негов близок роднина го препознал по облеката во која бил облечен.
Од МВР засега само потврдуваат дека е пронајдено машко тело во фаза на распаѓање во канал за наводнување на нивите во правец кон реката Лепенец, а информации за индентитетот и причините на смртта ќе има по завршување на обдукцијата.
На местото на настанот излегле полициски службеници од СВР Скопје, Јавен обвинител, лекар од Итна медицинска помош и лекар од судска медицина. Извршен бил увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Ново на Сител
-

Јаневска: Нема предвремен распуст поради загадувањето и зголемениот број на болни деца
-

Завршни зборови за сообраќајката зад Влада, пресудата во понеделник
-

Нови можности за работна сила
-

Преглед на вестите од светот
-

Поскапува струјата
-

Муцунски: Ахмети живее во времето од пред 20 години
-

Дебата за измените на Кривичниот законик
-

Мицкоски: Долгорочен план за развој за повисок квалитет на живот
