-->
-->
Иселениците во акција за доизградба на екстериерот на манастирот „Свети Илија“ во Ѕвегор
-->

Иселениците по потекло од делчевски Ѕвегор од околината на градот Пиду во Швајцарија, почнаа акција за собирање средства за доизградба на дел од екстериерот кај манастирскиот комплекс „Св.Илија”. Како што информира претседателот на црковниот одбор, Делчо Гошев досега се собрани околу 4.000 швајцарски франци, што е половина од потребните средства за изградба на трем во рамки на манастирскиот комплекс над Ѕвегор.
-Се надеваме дека до почетокот на пролетта кога би почнале со изградба на тремот би ги собрале и останатите 4.000 франци што ќе овозможи разубавување на екстериерот на еден од најубавите украси во Делчевско, истакна Гошев.
Гошев упати апел до сите иселеници активно да се вклучат во акцијата за собирање средства со што манастирот за наредното големо празнување на 2 август во ново руво ќе ги дочека верниците кои ќе присуствуваат на одбележувањето на празникот посветен на светиот пророк Илија.
Црквата „Свети Илија” во село Ѕвегор е изградена на 2 август 1991 година, а осветена на 15 септември истата година од тогашниот митрополит брегалнички г. Стефан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Спасувачка акција во Вардар - се бара исчезнато лице
-

Рубио: Украина не би постоела без поддршката од САД
-

Ветер и дожд во наредните денови, следува посвежо време
-

28 сигнални пиштоли пронајдени при претрес на 63-годишен кумановец
-

Кај 25-годишник од струмичко пронајдена тегла и кеса со марихуана
-

Судењето за „Пулс“ продолжува со вкрстено испитување на вештакот на одбраната Русески
-

Во недела започнува зимското сметање на времето - Часовниците се враќаат еден час наназад
-

Андоновски од Сеул: Не смееме да дозволиме ВИ да ги дели државите на богати и сиромашни
