-->
-->
Исландските глечери се намалуваат многу брзо, им се заканува целосно исчезнување
-->
Исландските глечери, на кои им се заканува целосно исчезнување до 2200 година, веќе изгубија 750 километри квадратни површински простор од почетокот на 2000 година или седум проценти од вкупната површина, како резултат на глобалното затоплување, покажуваат податоците на најновото истражување.Вкупно површината на глечерите, кои сè уште опфаќаат нешто повеќе од 10 проценти од островската држава, падна во 2019 година на 10.400 квадратни километри, според публикацијата во научното списание „Јокул“.
Од 1890 година, површината на глечерите е намалена за околу 2.200 квадратни милји или 18 проценти. Но, речиси една третина од тоа намалување се одвиваше од 2000 година, според последните податоци на исландските експерти за глечери, геолози и геофизичари.
Повлекувањето за две децении претставува речиси вкупна површина на Хофсјакул (810 км2), трета по големина ледена капа на северноатлантскиот остров.
„Измените на површината на глечерите во Исланд од 1890 година покажуваат јасен одговор на климатските промени“, истакнуваат научниците.
Во 2014 година, Исланд беше сведок на првото исчезнување на еден од неговите глечери, Окјекула, поради глобалното затоплување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кој ќе биде нов секретар за државно владеење
-

Нов случај на врсничко насилство, прободено 12 годишно момче
-

Пожарите изгаснати, штетите огромни
-

Расправа за ребалансот
-

Над 5.000 граѓани се пријавиле за мерката самовработување, во Прилеп досега пријавени 316
-

Трамп со пораки од Маунт Рашмор
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
