Испишани кукасти крстови на куќи на Роми во Битола
Хелсиншкиот комитет за човекови права најостро го осудува случајот со пишување навредливи графити со кукасти крстови и натписи „Ѓупци“, испишани со црн спреј врз куќи на ромско население на улица Дебарска во Битола.
Според нив, се работи за уште еден случај на злостортво од омраза, со порака кој упатува на повик за насилство кон ромската етничка заедница.
„Тргнувајќи од стремежот за градење соживот, толеранција и меѓусебно почитување без разлика на националната, етничката, религиозната или било која друга припадност, бараме надлежните институции, пред се’ Министерството за внатрешни работи и Обвинителството темелно да го испитаат случајот, да ги најдат сторителите, кои треба да одговараат за ова дело“, наведуваат од Хелсиншкиот комитет.
Очекуваат МВР и ОЈО правилно да го квалификуваат ова дело како дело од омраза. Најавија дека ќе поднесат кривична пријава и во иднина ќе ги следат сите активности што се преземаат во врска со случајот.
Хелсиншкиот комитет во изминатите години во неколку наврати алармираше за присуство на говор на омраза кон ромската заедница во Општината Битола и потребата за преземање на конкретни чекори за зголемување на свеста кај граѓаните за меѓуетничка, меѓурелигиозна и меѓукултурна толеранција и соживот.
Соодветната реакција од институциите во вакви моменти, велат од таму, е од исклучително значење, бидејќи пропуштањето да се даде ефикасна заштита на жртвите на говорот и делата од омраза може да резултира со обесхрабрување на жртвите да бараат заштита, а охрабрување на сторителите да го повторат делото.
„Расното профилирање на Ромите и понатаму останува клучниот фактор кој го спречува еднаквиот пристап до добра и услуги и го засилува нивниот маргинализиран статус во општеството. Токму поради сето ова, Хелсиншкиот комитет за човекови права смета дека реални подобрувања се можни само преку значителна промена на односот на државните органи кон оваа заедница“, се додава во реакцијата од Хелсиншкиот комитет.
Ново на Сител
-

Тошковски: Толеранцијата на „Безбеден град“ ќе биде идентична со полициските радари
-

Нови зборови за новото време: Мисија на „Зборци“ | Виктор Бучковски | Sitel Podcast 132
-

Магла на планинските премини Стража, Плетвар и Крушево, сообраќајот се одвива по влажни коловози
-

Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад
-

Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад
-

Мухамет Хоџа нов министер за животна средина, Беким Сали министер за евроинтеграции
-

Со сослушување два сведоци продолжи судењето против Нино Васев
-

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар
