Македонија
22. December 2020 - 14:49

Исплатена бонус плата на вработените во МВР

- Денеска на 1624 вработени во Министерство за внатрешни работи од сопствени заштеди и домаќинско работење им беше исплатена бонус плата остварена во 2017 година, објави ресорниот министер Оливер Спасовски.

„Поединечениот износ што е исплатен изнесува 22.928 денари за вработен. Обезбедивме средства и за исплата на бонус плата на вработени во министерството за оствaрени над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво во текот на 2020, како и средства за бонус плата за 2018 година“, додаде во објавата министерот за внатрешни работи Спасовски.

Денеска на 1624 вработени во Министерство за внатрешни работи од сопствени заштеди и домаќинско работење им беше...

Posted by Oliver Spasovski on Tuesday, December 22, 2020