Исплатени 3,2 милијарди денари за обесштетување на депоненти од „Еуростандард банка“
До денеска се исплатени вкупно 3,2 милјарди денари за обештетување на депонентите од „Еуростандард банка“ која е во стечај.
Од Фондот за осигурување на депозити информираа дека тоа е близу 77 проценти од вкупните средства упатени до четирите банки преку кои се врши исплатата на обештетувањето.
До денес се исплатени и близу 10 милиони денари по основ на обесштетување на наследници на депоненти на „Еуростандард банка”.
– Обесштетувањето на наследниците според наследни решенија исто така се одвива непречено и исплатата на истите се врши директно преку Фондот за осигурување на депозити. Наследниците ја доставуваат целокупната документација по електронски пат до Фондот, по што Фондот изготвува потврди за обесштетување на депоненти и врши директна исплата на наследниците од сметката на Фондот, се наведува во соопштението од Фондот.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Подготвен сум да разговарам за обединување околу стратешките цели
-
Преглед на вестите од светот
-
Традиција од Рим за први јануари
-
Новогодишно капење во Барселона
-
Среќна Нова 2025 Година
-
Спекакуларни прослави за новогодишната ноќ
-
Првото бебе на скопска Гинекологија е машко
-
Новогодишната ноќ минала мирно без поголеми инциденти