Бизнис
10. February 2016 - 11:10

Исплатени социјалната и постојаната парична помош за декември

Министерството за труд и социјална политика ги известува корисниците на социјална парична помош, како и корисниците на правото на паричен надоместок за помош и нега од друго лице дека изврши исплата на овие права.

Исплатата на социјалната парична помош и на паричниот надоместок за помош и нега од друго лице е за декември 2015 година.