Исповед на мајката на Јелена: Не ми се пожали дека некој и се заканувал

Зорица Крсмановиќ, мајка на убиената Јелена Крсмановиќ Марјановиќ која денеска попладне е пронајдена мртва во каналот покрај насипот Црвенка во Борча, вели дека последа се слушнала со ќерката, непосредно пред да исчезне.
-Таа постојано трчаше, а јас и се јавив кога беше на пола од патеката, некаде околу 15.30 часот. Ми рече дека оди да истрча уште еден круг пред да се врати кај своите да им даде да јадат, а после требаше да дојде кај меен, вели плачејќи Зорица.
Таа додава дека полицијата ја испрашувала најосновни работи за нејзината ќерка. Исто така Зорица додава дека нејзината ќерка цели две години трчала и никогаш немала никакви проблеми.
- Овие денови пред исчезнувањето се однесуваше нормално, не ми се жалеше дека некој и се заканува ниту дека имала љубоморни фанови. Нејзиниот маж Зоран беше постојано со неа и многу беа врзани. Не се сомневам во никого кој би можел да и наштети, зошто немаше непријатели, како некој ја киднапирал среде бел ден од ништо. Ова е страшно време, вели Зорица низ силзи.
Во семејниот дом на Крсмановиќ покрај семејството се собраа и голем број пријатели и роднини кои дојдоа да запалат свеќа за покој на дуѓата на трагично настраданата Јелена.
Да потсетиме, пејачката Јелена исчезна вчера околу 15 часот кај дивата населба Црвенка. Претходно 32-годишната пејачка била со сопругот и ќеркичката по што заминала да трча и не се вратила. Целото семејство и пријателите околу 16 часот тргнале во потрага по неа, а полицијата ангажираше дополнителни сили во потрагата по неа.
Ново на Сител
-

75 годишна жена почина - Возачот побегнал откако ја прегазил во центарот во Скопје
-

Филипче не се откажува од техничка Влада, Мицкоски пак, не се откажува од лидерска средба
-

Обвинителката Ленче Ристоска бара извинување од премиерот Мицкоски, од Влада велат дека се зачудени
-

Во недела ќе се бира градоначалник во четири општини
-

На располагање сите човечки и материјални ресурси
-

Зголемен број на пациенти со грип на инфективна после нова година - Едно лице е во критична состојба
-

Лажен лекар успеал со измама да „заработи“ близу 20 000 евра
-

Цените на храната и оваа година ќе останат исти, смета бизнисот


