Балкан
17. October 2016 - 21:20

Исповед на напатена жена: Исцелителот ме лекуваше со секс, додека маж ми чекаше пред куќата

Видовитите во Србија се служат со секакви методи за да им „помогнат“ на напатените луше кои им се обраќаат, а пред се за да ги наполнат џеповите.

Некои од нив имаат несекојдневни и пред се непристојни мерки, па така еден од тие исцелители кои се претставува како Триша видовитиот на една Србинка се обидел да и ја оттргне магијата и тоа ни помалку, ни повеќе со секс.

Така несреќната жена на измамникот му платила најодвратно, со своето тело и таа ги предупредува другите да не си го уништат животот барајќи услуги од него.

Младата жена, поради семејни и здравствени проблеми му се обратила на видовитот Зоран Т, наречен Триша Видовитиот, и поради тоа животот и се претворил во пекол. Видовитиот не само што сексуално ја злоставувал, туку и го уништил бракот и семејството и денеска едвај може да оди. Таа моли некој да го спречи овој видовит да продолжи да ја работи неговата сомнителна пракса.

Оваа жена својата исповед ја објави на сајтот за измамени жртви на видовитиот. Ova žena svoju je ispovest iznela na sajtu za prevarene žrtve vidovnjaka. Ona kaže da joj je život uništio mag iz okoline Beograda, čije je ime i navela.

-  Зоран Т. е најголем измамник во Србија, наречен Триша Видовитиот. Работи преку фотографии, со хипноза, ме присилуваше во бессвесна состојба да се соблекувам, ми го ставаше половиот орган во анусот и во уста. Ми ги допираше градите, додека мојот маж и синот стоеја пред куќата, зошто поединечно не воведуваше во собата, напиша таа и додава дека многу се срамела поради тоа што се случило.

Foto: Profimedia

-Останавме без пари, не можам да одам по улица, ми го уништи бракот и сите не направи будали. Во нашата куќа внесе многу зло и од тогаш не ни оди како што треба. И денеска врши притисок врз мојот ум и моето тело. Правам неконтролирани работи. Семејството ми го уништи и не знаеме што ни се случува, сведочи оваа жена, која е убедена дека исцелителот влијае врз неа и е главен виновник на нејзината состојба.

Ги предупредува сите дека видовитиот се рекламира како човек кој може да предвидува и симнува магија дури и преку фотографии.

-Верувам дека еден ден Бог ќе му плати за сите свои зла, а се надевам дека ќе заврши во полиција, пишува очајната жена.

Видовитиот кај оваа жена магијата ја симнувал со секс, а за жал не е единствен кој на овој начин злоставувал наивни. Пред 6 години кај Ваљево лажен исцелител заврши на суд, зошто тврдел дека отстранува магија, со т.н. бањање во “магична вода“.

Имено тој клиентките голи ги бањал во леген, а на една и рекол дека нејзината магија е толку тешка што мора да ја преземе на себе и тоа со секс со неа. Жената се согласила на тоа, па одела на 3 третмани кои вклучувале секс, му платила 500 евра и му дала и златен ѓердан.