ИСПОВЕД НА ОЧАЈНА СОПРУГА: Сопругот ме изневерува со братучетка ми, а јас не знам што да правам!

Со месеци сум во хаос. Сите обврски ги запоставив од моментот кога за прв пат се посомневав дека мојата бартучетка има нешто повеќе со мојот сопруг од класичен работен однос. Нема цврсти докази за сомневање, но тоа е исклучиво плод на женска интуиција.
Пред две години братучетка ми, со која не бев премногу блиска, ме замоли да и помогнам околу вработување. Неколку години мина во позната адвокатска канцеларија, иако беше една од најуспешните студентки по право во својата генерација. Мојот сопруг има приватен бизнис и е многу успешен во својата работа. Во неговата фирма има 40 вработени. На мое инсистирање братучетка ми почна да соработува со фирмата на сопругот, на почетокот хонорарно, а од пред една година е пријавена.
Првото сомневање за неверство ми се појави кога ја зема со себе на службено патување. Тоа не ми го кажа сметајќи, како што ми објасни, дека не е ништо необично еден од двајцата правници од фирмата да патува со него на разговори со странските партнери. За два ипол месеци отидоа заено на четири патувања. И сето тоа би било нормално ако братучетка ми не го промени однесувањето кон мене. Почувствував триумфализам во нејзините гестови, како да ми дава до знаење дека има афера со мојот сопруг.
Ништо не му кажав на сопругот, ниту пак го проверував неговиот телефон и мејловите. Напната сум поради се, сомневањето ме изеде, иако се правам дека се е во ред. Можеби претерувам, затоа што наполнив 40 години и чувствувам криза во својата самодоверба, затоа што таа има 29 и изгледа одлично.
И се доверив на кумата. Таа е уверена дека има нешто помеѓу нив и ме советуваше да инсистирам кај сопругот да ја отпушти, и според неговите реакции би можела да донесам вистински проценки. Не знам што да правам. на работа сум отсутна, како и во текот на времето што го поминувам со нашиот шестгодишен син. Дури и за време на сексот, кој го имаме редовно како и до сега, не можам да се опуштам и препуштам. Очајна сум, затоа што не сакам да го изгубам тоа шо го имам.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер на МСПДМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче цврсто против гласање на дијаспората - Мицкоски: СДСМ бара алиби за изборните порази
-

Меѓувладини конференции во Брисел за Црна Гора и Албанија, Македонија изостанува на Европскиот календар
-

Маркетите кои ги зголемиле профитните маржи - ќе бидат предупредени да ги намалат
-

Продолжуваат инвестициите во Охрид
-

Зголемен број на колапси поради топлото - дневно Брза помош има и по 10-тина вакви интервенции
-

ЦЈЗ Прилеп: Не се точни шпекулациите дека е зголемен бројот инфицирани со ХИВ за 50-тина лица
