Истекува амонијак од превртена цистерна кај Пирот, хоспитализирани педесетина лица
Над 50 луѓе хоспитализирани по истекување амонијак во близина на Пирот. Во болницата во Пирот вечерва се пријавиле вкупно 51 лице, од кои седум се повредени во незгоди предизвикани од истекување на амонијак, а еден од нив бил тешко алкохолизиран и пренесен во КЦ Ниш.
Останатите дошле поради симптоми на труење, дознава српски „Блиц“, а двајца имаат потешки симптоми.
Во Клиничкиот центар во Ниш во моментов се примени шест пациенти, од кои четворица се на одделението за реанимација, а двајца на токсиколошкиот оддел.
– Сите имаат стабилни витални параметри со иритирачки симптоми и благи хемиски изгореници – велат во УКЦ Ниш.
Како што дознава „Блиц“, при несреќата цистерната што превезувала амонијак излетала од патот и паднала во Нишава, а амонијакот во допир со водата има бурна реакција, поради што оваа супстанца се проширила во атмосферата.
На автопатот Белград – Ниш денеска околу 17 часот се случила сообраќајна несреќа кога цистерна која превезувала најверојатно амонијак се превртела и почнала да истекува од возилото.
Вечерва околу 17 часот на автопатот кај Пирот се превртел камион во кој наводно имало амонијак, пренесува Телеграф.
Во моментов од камионот протекува некаква гасовита супстанција, а полицијата ја блокираше оваа делница. Видливоста е значително намалена.
Надлежните се пристигнати на терен, а во моментов се утврдуваат размерите на оваа несреќа, како и дали постои опасност за животната средина.
Сообраќајот се пренасочува по алтернативни правци.
Ново на Сител
-
Средба Гаши - Лудва: За Чешка од посебно значење е интегрирањето на земјите од Западен Балкан
-
Кривична пријава за „предизвикување општа опасност“ против полициски служеник во Струмица
-
Жената врз која падна дрво во Скопје не е во животозагрозувачка состојба
-
Пожарникари со пет противпожарни возила гаснат опожарени отпад и сува трева кај Кванташки пазар
-
ЦУК информира за штетите предизвикани од невремето кое го зафати попладнево Скопје – паднати дрвја, оштетени возила и кровови, откачени кабли од бандери
-
Владата одлучи - ќе се враќа оградата околу владината зграда
-
Владата именува нови директори на неколку државни институции
-
Оливер Миланов именуван за директор на Агенција за Храна и Ветеринарство