Истепале и ограбиле кочанчанец, тројца малолетници извршиле над 30 кривични дела
Полициски службеници од Полициската станица Кочани по преземени мерки и активности, лишија од слобода тројца малолетници од Кочани поради сомнение дека вчера извршиле разбојништво во Кочани.
-Според пријавеното вчера околу 7:00 часот физички и со тврди предмети го нападнале М.А. од Кочани во дворот од неговата куќа, по што му одзеле пари. Со малолетниците бил извршен службен разговор во полициска станица во присуство на јавен обвинител, претставник од Центарот за социјални работи и адвокат, по што, по насока на јавен обвинител, против нив е поднесено известување до ОЈО поради сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик, соопшти МВР.
Тројцата малолетници се сомничат дека во претходниот период извршиле повеќе од 30 кривични дела „кражби“, „тешки кражби“, „тешки кражби на дрзок начин“, „разбојнички кражби“ и „разбојништво“.
Ново на Сител
-
Какви казни има за сквернавење национални симболи?
-
Тема на денот со Методи Хаџијанев, професор по безбедност
-
Дрво падна врз жена во центарот на Скопје, УХМР најавува невреме низ целата држава
-
Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб
-
Дрво падна врз жена во центарот на Скопје, УХМР најавува невреме низ целата држава
-
Дали движењето ЗНАМ ќе ја напушти владејачката коалиција?
-
Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб
-
Самарас: Грција да најде начин да се повлече од Преспа