Македонија
21. November 2016 - 15:38

Истепан вработен на патарината пред Тетово

Десет непознати лица вчера вечер физички го нападнале вработениот на наплатната рампа на автопатот Гостивар - Тетово, ја откорнале металната шипка и со неа ја искршиле кабината по што заминале.

Според МВР, насилниците излегле од автобус со скопски регистарски таблички кој околу 20:30 часот пристигнал на патарината на влезот во Тетово за наплата. 

По немилиот настан на вработениот Р.И. (53) од Тетово му била укажана лекарска помош во Клиничка болница - Тетово, по што бил задржан на лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.