-->
-->
Истепан вработен на патарината пред Тетово
-->
Десет непознати лица вчера вечер физички го нападнале вработениот на наплатната рампа на автопатот Гостивар - Тетово, ја откорнале металната шипка и со неа ја искршиле кабината по што заминале.
Според МВР, насилниците излегле од автобус со скопски регистарски таблички кој околу 20:30 часот пристигнал на патарината на влезот во Тетово за наплата.
По немилиот настан на вработениот Р.И. (53) од Тетово му била укажана лекарска помош во Клиничка болница - Тетово, по што бил задржан на лекување.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Деновиве ќе биде соопштено од кои учебници ќе се учи во седмо
-
МАЕИ: Се подготвува декларација за непризнавање на пописните резултати
-
Коце Трајановски назначен за в.д. директор на Јавното претпријатие за државни патишта
-
Изминатото деноноќие гореле камион, шупа, трева, депонии...
-
Молњи предизвикаа два шумски пожари на Тасос
-
Галичка свадба од 12 до 14 јули, Даријан и Стефана годинешните зет и невеста
-
Најмногу дожд во Дојран, утрово најсвежо на Попова Шапка
-
Конференција на Судскиот совет