Источен Плански регион: Расправа за еколошки теми
Градоначалниците на Општините од Источниот плански регион во Берово ја одржаа триесетата редовна седница, на која на дневен ред беа повеќе значајни точки кои се однесуваат на тековни активности. Градоначалниците расправаа по резултатите од првата фаза на Програмата за зачувување на природата во Македонија и главните насоки за втората фаза.
Професор доктор Славчо Ристовски пред присутните градоначалници на Источниот плански регион ги презентираше предлозите за заштитени подрачја во ИПР, по што беше извршено Примопредавање на нацрт верзијата на Просторниот план на ИПР.
Градоначалниците донесоа повеќе одлуки кои се однесуваат на преотстапување на користење на институции и установи. Одлуки се донесоа за туристичкиот инфо центар Пониква, осветлувањето на Лесновските монашки пештери и санација на постоечки пристапни пешачки патеки во село Лесново, Пробиштипско, на улица во с. Лаки која води кон Црквата Св. Јован Богослов и археолошките локалитети Црквиште, Могила и Градиште во Општина Виница, како и на дел од локалниот пат од с. Трстија до с. Турија во Општина Делчево.
Ново на Сител
-
Утре седница за интерпелации: Власта тврди се ќе заврши брзо
-
Тема на денот со Александар Ивановски, директор на Европската Фискална Конфедерација
-
МОН затвори уште еден приватен институт, ќе се мониторираат дипломите и магистерските
-
Цените на станбениот квадрат уриваат рекорди, колку се реални?
-
Судот во Перник: Пропустите на автопатот „Струма“ придонесоа за несреќата на „Беса Транс“
-
Бајден пред заминување ги заостри санкциите кон Западен Балкан
-
Петрушевски: Сите се дистанцираат од Груби, освен СДС
-
Панихида за Мара Бунева во недела, партијата Преродба со провокација