Историска победа за Хрватот Зубчиќ на велеслаломот во Јапонија
Хрватот Филип Зубчиќ ја запиша својата прва победа во кариерата за Светскиот куп во алпско скијање, откако заврши прв во велеслалом во зимскиот центар Нигата Јузава-Наеба. Зубчиќ беше само 12-ти по првото спуштање, но даде прво време во второто и дојде до успех со вкупно време од 2: 37,25 минути. Неговиот најдобар пласман досега беше второпласиран во Аделбоден минатиот месец.
Ова е историски ден за Хрватска, а победата на Зубчиќ е прва за неговата земја надвор од семејството Костелиќ и прва во машкиот велеслалом.
– Јас сум многу горд што ова е прва победа за Хрватска во велеслалом во Светскиот куп за мажи. Овој успех е за мојот тим и моето семејство, кои ме поддржуваат во последните 21 година, рече Хрватот по трката.
Швајцарецот Марко Одермат заврши на второ место, на 74 стотинки заостанување, а Томи Форд (САД) заврши на третото место со 1,07 секунди зад победникот. Трката се одржа во прилично топло и ветровито време. Норвежанецот Хенрик Кристоферсен, кој поведе по првиот спуст, загуби повеќе од две секунди од Зубчиќ во второто и заврши на петтото место со 1.14 секунди зад победникот.
Норвежанецот Александар Амод Килде продолжува да биде лидер во пласманот на Светскиот куп по 32 старта од почетокот на сезоната со 1.022 поени. Тој заврши шести на денешната трка. Втор е неговиот сонародник и специјалист за технички дисциплини Хенрик Кристоферсен (Норвешка) со 948 поени. Трет е Алексеј Пинтуро (Франција) со 898 поени, кој денеска заврши на 15-тата озиција.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни зголемување на цената на електричната енергија нема да има
-
Повредени тројца од екипата на Итна помош откако беа заглавени во лифт во Кисела Вода што паднал во подрум
-
За пет месеци фреквенцијата на патници на ГП „Блато" зголемена за 14 отсто
-
Николоски бара Обвинителството да го испита работењето на ЈП за државни патишта и ЖРСМ Инфраструктура
-
Приведен скопјанец кој уценувал девојка
-
До март најверојатно ќе се реализираат две линеарни зголемувања на пензиите, најави Мицкоски
-
Мицотакис: Ги предупредуваме нашите северни соседи, не почнавте добро, престанете да правите сметка без крчмарот
-
Претседателката Сиљановска Давкова го прими кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо