Истрага за илегално одгледување канабис во демирхисарско

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
-Осомничениот 43-годишен жител на селото Вардино, Општина Демир Хисар, во дворното место зад неговата куќа засадил 32 стебла канабис, до кои спровел систем за наводнување „капка по капка“. Растенијата ги пронашле полициски службеници кои извршиле претрес на 26 август, се наведува во соопштението од Обвинителството.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судијата го прифатил предлогот и определил притвор во траење од 30 дена за осомничениот, поради опасност од бегство, можност да го повтори делото или да се обиде да ги прикрие трагите и да влијае врз сведоците.
Ново на Сител
-

Бандера за улично осветлување закана за жители на Драчево | ВИДЕО
-

Над 400 македонски државјани побарале евакуација од Блискиот исток
-

Институтот за класични студии на УКИМ бара латинскиот јазик да биде една година задолжителен за сите гимназијалци
-

Генералниот секретар на НАТО, Руте, утре во официјална посета на земјава
-

Хотелите во Дубаи бесплатно им го продолжуваат престојот на заглавените туристи
-

Мицкоски оствари телефонски разговор со претседателот на ОАЕ
-

Зголемени безбедносни мерки на објекти од американски и израелски интерес во Грција
-

Меланија Трамп ќе претседава со состанокот на Советот за безбедност на ОН
