Македонија
1. March 2019 - 13:48

Истражна постапка против ловџија од Kичевско кој застрела сограѓанин

Основното јавно обвинителство Гостивар донесело наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од кичевско за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – тешки дела против општата сигурност.
 
Како што соопшти Јавното обвинителство, осомничениот на 27 февруари годинава вршејќи криволов во шума во кичевско, убеден дека забележал животно, испукал еден куршум од пушка. Притоа погодил едно оштетено лице, нанесувајќи му огнострелна повреда од животозагрозувачки карактер во пределот на абдоменот. Повредениот е хоспитализиран и сé уште се наоѓа во тешка здравствена состојба.
 
Со цел утврдување на фактите за настанот, надлежниот јавен обвинител издал наредби за вештачење на трагите од крв и чаурата пронајдена на лице место, наредба за претрес на домот на оштетениот, како и наредба за вештачење на одземеното оружје. Ценејќи дека се исполнети законските основи, до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар доставен е предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.