Истражување: Кој е посупериорен, мачките или кучињата?
Во борбата за храна мачките истребиле речиси 40 видови на кучиња во Северна Америка пред 20 години.
Ривалството меѓу мачките и кучињата трае милиони години, а во обид да се реши дилемата кој е подобар, научниците дојдоа до сознание дека мачките се посупериорни, барем во поглед на еволуцијата и секогаш наоѓаат начин да преживеат.
Истражувањето објавено во американскиот магазин „Анали на Националната академија на науки„ (ПНАС) покажува дека пред 20 милиони години во Северна Америка во борбата за храна мачките истребиле речиси 40 врсти на кучиња.
Кучињата, вклучително волците од кои потекнуваат денешните кучиња, доаѓаат од Северна Америка, но прв пат се појавуваат пред 40 милиони години.
Кога 20 милиони години подоцна мачките почнале да мигрираат од Азија во овој дел на светот, бројот на видови кучиња драстично се намалил, објаснува Даниеле Силвестро, истражувач од шведскиот Универзитет во Гетеборг и еден од авторите на студијата.
Колку доаѓањето на мачките било фатално за кучињата сведочи фактот дека денеска во Северна Америка има само девет врсти на диви кучиња.
Научниците претпоставуваат дека истребувањето на кучињата се должи на фактот дека мачките се многу подобри ловци. Сепак, конкуренција на кучињата биле и други предатори и месојади, но групата на мачки е најодговорна за нивното исчезнување, тврдат истражувачите врз основа на анализа на над 2.000 фосили.
Ново на Сител
-
Десет дена Виница се гуши во отпад
-
Граѓански собир во Охрид за решавање на проблемот со дивите депонии
-
Слаб интерес за приклучок на гасоводната мрежа во Струмица
-
Поразителни резултати со говорот на децата во прилепските градинки
-
Три недели по инцидентот со птичјиот грип, отворени вратите на зоолошката во Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
Како да ги искористите ваучерите за инвертер клими?
-
Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини