Истражување: Загадениот воздух заглупува

Високото ниво на јаглероден диоксид во атмосферата влијае на намалувањето на интелектуалните способности на луѓето, посочува ново истражување на Универзитетот на Пенсилванија и Колорадо Боулдер и (САД), чии резултати се објавени на интернет-страницата Phys.org.
Зголемените нивоа на јаглерод влијаат погубно на природата, а тоа се гледа, на пример во промените во климата. Но, научниците дошле до сознанија дека тоа лошо влијае и на учењето кај децата.
И досега се знаеше дека непроветрена просторија им попречува на умствените способности, како и на концентрацијата. Но, досега не беше проучено влијанието на „свежиот“ воздух однадвор, што веќе е, исто така, прилично загаден.
При испитувањата, се дефинирани две тези. При пооптимистичкото сценарио, умствените способности на учениците ќе се намалат за 25 отсто до 2100 година, но во случај ако отсега се намалат издувните гасови.
Доколку нивото на штетни честички во воздухот остане на сегашното ниво, луѓето до крајот на векот ќе бидат, во просек, за 50 отсто помалку интелигентни.
Во 2015 година, стручњаци од Харвард спровеле сличен експеримент. Имено, тие натерале 24 лица доброволци да минат шест работни дена во лабораториски контролирани услови, при што нивоата на јаглеродниот диоксид варирале. Така, секое попладне испитаниците требало да се справат со задачи од секојдневието. Компјутерска програма покажала дека кога нивоата на гасот се зголемени, луѓето имале тешкотии со анализирање податоци, правење планови, носење одлуки, како и намалена способност да реагираат на криза.
Ново на Сител
-

Зеленски: Украина никогаш не била и нема да биде пречка за мирот
-

Свечена заклетва на новопримените професионални војници во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес
-

Четири арапски држави во дипломатска акција за да се спречи американски напад врз Иран
-

ЕХФ ЕУРО 2026: Македонските ракометари на мегдан со кодомаќинот Данска
-

Во Собранието јавна расправа по Предлог законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик
-

Сончево со мала облачност, дневна температура до 13 степени
-

Според најновиот индекс македонскиот пасош е подобро рангиран од Албанија, БиХ и Турција
-

Путин: Меѓународната ситуација се влошува, светот станува сè поопасен
