Истрефи обвини за милионски проневери во Општина Струга
Кандидатот за градоначалник на Општина Струга од Алијанса на албанците и Алтернатива Идри Истрефи денеска на прес-конференција го обвини актуелниот градоначалник Рамиз Мерко за кражба на милиони евра од општинскиот Буџет.
Според него, манипулацијата трае неколку години, односно од вториот мандат на Мерко, преку концесија за јавно осветлување со фирмата „Сити лајт“.
– Станува збор за изнуда и кражба на милиони евра од Буџетот на граѓаните на Струга од страна на двојката Рамиз Мерко – Армен Кадриу. Ова манипулирање трае веќе неколку години преку една сомнителна концесија со многу законски прекршувања, а склучена во вториот мандат на Рамиз Мерко, меѓу општина Струга и приватната фирма за јавно осветлување „Сити лајт“. Оваа фирма за одржување на јавното осветлување добива милиони евра од Буџетот на Струга, обвини Истрефи.
Парите што Општината и ги дава на копманијата, тврди дека одат кај Рамиз Мерко и неговиот соработник Армен Кадриу, за што приложи банкарски трансакции.
– За тоа сведочат десетиците банкарски трансакции, што ние ги обезбедивме и кои ќе ги предадеме на сите медиуми во државата. За сите овие трансакции се известени Јавното обвинителство и Финансиската полиција, а за нивното нереагирање ќе треба сами да одговорат, рече Истрефи.
Тој посочи дека милиони евра од „Сити лајт“ биле уплатени на приватната сметка на Армен Кадриу и неговото семејство и на сметката на приватниот универзитет на Мерко.
– Овие трансакции, најдобро ја докажуваат поврзаноста на кланот Мерко – Кадриу со фирмата „Сити лајт“, како и кражбата која секојдневно ни се случува. За да биде скандалот уште поголем, Владата на Македонија во текот на овој мандат исплати 50 отсто од долговите на општините. На општина Струга и беа доделени над 2 милиони евра, а Рамиз Мерко меѓу десетиците фирми ја избрал „Сити лајт“ за одеднаш да и исплати над 1,2 милиони евра од тие средства, истакнува Истрефи.
Мерко, како што рече, треба да одговара за криминалот пред граѓаните на општина Струга, подвлекувајќи дека доколу ја добие довербата на гстружани ќе направи целосна ревизија во Општината.
– Ќе се обелоденат сите злоупотреби, a сторителите ќе одговараат за секој залудно потрошен денар од Буџетот на стружани, подвлече Истрефи.
Ново на Сител
-
Ибрахимовиќ: Се чувствувам поврзан со Милан и сакам да направам големи работи со овој тим
-
Министерство за спорт: Поништени решенијата за дејност на ЖРК Скопје и ЖРК Гевгелија
-
Атаман и се закани на Евролигата: Внимавајте што правите, Панатинаикос може да оди во НБА лигата
-
Роналдо: Разочаран сум од оние кои одбиваат да играат за Португалија
-
„Вратете го детето ќе ви дадам пари“, напишал таткото на Вања во родителска вибер група па ја избришал пораката
-
Турција доби понуда од БРИКС да стане земја партнер во организацијата, изјави турскиот министер за трговија
-
Утре облачно со врнежи од дожд, кои на некои места ќе бидат пообилни
-
Лишен од слобода криминалец баран со потерница за казна затвор од 20 години