Свет
1. January 2020 - 17:04

Италија: Една жртва и над 200 повредени од петарди

Во Италија во новогодишната ноќ едно лице загина, а повеќе од 200 луѓе се повредени од петарди од кои 11 се здобиле со сериозни повреди, соопшти денеска италијанското Министерство за внатрешни работи.

Еден 27-годишен маж загина во југоисточна Италија во обид да изгасне пожар предизвикан од огномет.

Тоа е првпат од 2013 година во Италија некој да биде го загуби животот на новогодишната ноќ. Во 2013 година, две лица загинаа, а повеќе од 620 беа повредени во таа земја.

Градските власти во Рим забранија употреба на петарди оваа година.