Италија: По екстрадицијата албанските криминалци со поткуп се ослободуваат од затворите
– Во најновиот извештај на италијанското Министерството за правда наведени се проблемите поврзани со екстрадицираните албанските криминалци. Во извештајот за борбата против криминалот и шверцот со дрога, италијанските власти наведуваат дека албанските криминалци се екстрадираат, се ставаат во затворите во Тирана и во Валона и потоа ги напуштаат ќелиите откако ќе платат поткуп.
– Албанските криминалци настојуваат сите да бидат префрлени во затворите во Тирана или Валона, бидејќи тогаш, многу од нив, плаќајќи, излегуваат кога сакаат. Албанската тема за италијанската правда е со ретка и интензивна сложеност, можеби како малку други, се наведува во извештајот. Во извештајот исто така се додава дека нема сомнеж оти големиот број на Албанци осудени во Италија, во списокот на Министерството за правда се поврзува исклучиво со рути за шверц на дрога.
– Пред неколку години, албански криминалци беа доминантни во трговијата со марихуана, која главно ја внесуваа од Албанија. Денес подеднакво се занимаваат со јужноамериканските наркотици како софистицирани менаџери, газди кои бараат простор и моќ. Тие создадоа свои мрежи за кокаин од Бразил, Аргентина, Боливија, па дури и Чиле, се посочува во извештајот на италијанското министерство за правда.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Бугарскиот амбасадор повикан на разговор во МНР поради пробиениот протокол на средбата Силјановска - Радев
-
Навреди од ко-претседавачот
-
Комитетот утре влегува во М-НАВ, од нив зависи дали и Обвинителството ќе отвори истрага
-
Какви незаконски работења откриле контролите на Фондот за здравствено осигурување во ЈЗУ
-
Вреди: Без амин од ДУИ ниту една фирма не може да добие ниту еден денар
-
Ѓорѓиевски: Градоначалниците се недопирливи
-
Обид за убиство во Кочани - напаѓачот е фатен и приведен