Италија: Владата ќе ги затвори тајните џамии

Италијанската Влада планира да ги затвори тајните џамии во земјата во рамки на борбата против тероризмот, изјави министерот за внатрешни работи Анџелино Алфано.
- Во Италија имаме четири џамии и над 800 муслимански светилишта, рече тој.
- Ние ќе ги затвориме таквите тајни и нерегистрирани места, не за да не го попречуваме почитувањето на верата, туку за тие да можат да се искажуваат на прописни места, додаде Алфано.
Министерот, во градот Лече на југот на Италија, говореше за ризиците од тероризмот и влијанието на т.н. „ислам во гаражи“, кој се проповеда на нерегистрирани места на кои одат многу мулслимани кои живеат во Италија.
Италија, а посебно Рим, често се споменуваат како мети на пропагандата на Исламска држава, а САД ја предупредијата земјата на ризици од можни напади.
Ново на Сител
-

СДСМ: Савески да постапува во Гостивар
-

Регионален состанок во Скопје: Превозниците ќе бараат решение за престојот во Шенген
-

Протест на земјоделците во Струмица
-

Се одбележаа 25 години од масакрот на Карпалак кога загинаа 10-мина прилепчани
-

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за младите од Ново Село, СДММ бара одговорност за откривање службена тајна
-

Зеленски во официјална посета на Србија
-

Прилеп одбележува 25 години од крвавиот масакр на Карпалак, не смее да се заборави жртвата на бранителите
-

Повреден Македонец дома ќе се враќа со владиниот авион
