Италија воведува полициски час
Италија воведува полициски час на цела територија од 21 часот до наутро, со цел да се спречи ширењето на новиот коронавирус, потврди заменик министерката за труд Франческа Пуљези.
Одлуката е донесена на владина седница, а ќе важи на целата територија на земјата.
Претседателите на регионите инсистирале ваквата рестриктивна мерка, која може да предизвика социјално незадоволство, да биде преземена од централната Влада, а не од одделни региони.
Новата мерка, која премиерот Џузепе Конте денеска ќе ја образложи пред Парламентот, предвидува забрана за меѓурегионално движење, а сите оние кои мораат од која било причина да патуваат или да бидат на улица по полицискиот час, ќе треба да имаат лична потврда за оправданост да бидат надвор од својот дом.
– За жал ќе мораме да ја жртвуваме директната настава и за сите ученици во средните училишта лекциите ќе бидат онлајн. Се уште не е одлучено дали наставата од дома ќе важи и за учениците од пониските одделенија во основните училишта, истакна Пуљези.
Исто така, новата мерка предвидува и намалување на капацитетот на градскиот сообраќај за 50 отсто, трговските центри ќе бидат затворени за време на викенд, а се затвораат и музеите, баровите, салите за видео игри, изложбите.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството се повлекува од гонење на Вељановски, Ристовски и Јанакиевски за 27 април
-
Ќе се разрешуваат членови на Судски?
-
Христовски ги исполнил условите
-
Османи: Груби згреши што избега
-
Мицкоски: Заканите на Ахмети не поминуваат кај народот
-
Пазарен ќе проверува како се растат цените по маркетите – Мицкоски најавува жестока акција
-
Седница на Советот на Град Скопје