Свет
23. April 2016 - 12:32

Италија: Заплена на 500 килограми хашиш на Сардинија

Италијанската полиција соопшти денеска дека запленила 500 килограми хашиш во пристаништето Каљари на Сардинија и уапси две лица, јави АНСА.

Дрогата била скриена во глисер што пристигнувал од Неапол и што го пресретнала интервентна единица на полицијата.

Уапсени се двајца жители на Каљари кои во пристаништето чекале да пристигне дрогата.