Италија затвора повторно цели сектори поради епидемијата

Италијанскиот премиер Џузепе Конте потпиша нов пакет рестриктивни мерки во борбата против новиот коронавирус, вклучително и задолжително затворање на барови и ресторани по 18.00 часот, јави ДПА.
Уредбата на Конте предвидува и затворање на киносали, театри, спортски сали, базени, скијачки центри, сали за концерти, трговски саеми и конференции, според копијата на документот во која имаа увид од германската новинска агенција.
Со неа се обврзува најмалку 75 отсто од учениците да се префрлат на учење на далечина, а исто така „силно им препорачува на граѓаните“ да не примаат гости во своите домови и да откажуваат помали патувања.
Новите ограничувања стапуваат на сила од понеделник до 24 ноември.
Баровите и рестораните ќе испорачуваат нарачки во домови само по 18.00 часот. Музеите ќе останат отворени, но со ограничен број посетители. Владата се обидува да запре втор бран на инфекција со коронавирусот. Вчера беа пријавени се 19.644 случаи, а 151 починале – најмногу во изминатите пет месеци.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љупчо Зиков, новинар/аналитичар
-

Над 200 семејства од Струмичката епархија ќе добијат празнични пакети од „Елеуса“
-

Почина двегодишното дете повредено во Шуто Оризари за новогодишната ноќ
-

Деца ќе останат со инвалидитет, возрасни во болница поради користење на петарди
-

МВР го расчисти убиството за новогодишната ноќ
-

Се уште се бара Македонецот кој исчезна во пожарот во Швајцарија, бројот на загинати се искачи на 47
-

Запленети 10 килограми кокаин во околината на Скопје
-

Протест против 11 годишната затворска казна за Фатон Љури
