-->
-->
Италијанската полиција заплени повеќе од 1,5 тони марихуана прошверцувана од Албанија
-->
Италијанската полиција утрово заплени големо количество марихуана прошверцувана од Албанија.
Според албанските медиуми, кои се повикуваат на италијанската полиција, во приморскиот град Бриндизи запленети се 1.537 килограми марихуана.
Дрогата со моторен чамец била транспортирана од Албанија, по што била натоварена во камион каде ја открила полицијата. Во акцијата уапсен се еден албански и еден италијански државјанин.
Ова е последователна успешна акција на италијанската полиција во спречувањето шврц на марихуана од Албанија. Во изминатиот период од годинава запленети се повеќе од 20 тони марихуана од Албанија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Таравари останува во Вреди, но сам ќе оди на избори
-
Од петок трговците ќе ги објавуваат цените на интернет
-
Отворен и кариерен ден на УГД– Штип и Стопанска комора на Македонија
-
Фондацијата Елеуса обезбеди Велигденски пакети за над 200 семејства
-
Преглед на вестите од светот
-
Сопартијците на Таравари одлучуваат за иднината во Вреди
-
Сопартијците на Таравари одлучуваат за иднината во коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар