Италијанската полиција запленила 800 килограми марихуана од Албанија
Полицијата во италијанскиот град Комо, област Ломбардија, северна Италија, во соработка со колегите од Бриндизи и Лече, заплени 800 килограми марихуана прошверцувана од Албанија.
Во ацијата уапсени се и три лица, двајца албански и еден црногорски државјанин, кои се товарат за меѓународна трговија со дрога и нелегално поседување оружје.
- Прво полицијата открила 150 килограми марихуана во возило во кое биле албанските државјани. Потоа во куќа во Лече пронајдени се уште 650 килограми марихуана, пиштол, две рамки со по 15 куршуми, јави тиранската телевизија Топ-чанел.
Дрогата требало да се најде на нарко-пазарите во северните региони на Италија: Ломбардија, Пиемонте, Венето, Емилија, Романа, Лацио, Тоскана.
Доколку запленетата дрога би се нашла на пазарот нејзината вредност би достигнала над четири милони евра.
Пред три дена албанската полиција во пристанишниот град Драч заплени 700 килограми мархуана, чија крајна дестинација била Италија.
Ново на Сител
-
Тема на денот за придобивките од членството во НАТО
-
Едно лице задржано во полиција по убиството во Тетово
-
Почна посетата на Вашингтон на владината делегација предводена од Мицкоски
-
Фрчковски повикан на консултации во МНР
-
Симовски: Бројките од пописот во Албанија се резултат на интензивна бугарска пропаганда
-
Засилени полициски контроли на најфреквентните места
-
Фестивалски викенд во Кратово „Златни денови 2024”
-
Аутдор фестивал „When in Krusevo“ по 8-ми пат