Италијанската железница го купува Траиносе

Италијанската железница „Феровие Дело Стато Италиане“ С.п.А во целост ќе ја преземе грчката железница Траиносе за 45 милиони евра, соопшти грчкиот Фонд за развој.
Понудата на италијанската железница денеска официјално беше отворена и грчката агенција за приватизација ја прифати во согласност со совети што ги доби од консултанти за продажба.
Досието од тендерот ќе биде испратено до Судот за ревизија за преддоговорна инспекција и договорот за продажба ќе биде потпишан откако судот ќе го одобри. Завршувањето на трансакцијата ќе зависи од одобрувањето на надлежните органи.
„Феровие“ е трета по големина железничка компанија во Европа и се очекува да пренесе умешност, практично знаење и искуство за Траиносе.
Фондот за развој соопшти дека завршувањето на тендерот претставува заокружување на процес кој започна пред три години и обезбедува одржливост и понатамошен развој на Траиносе.
Ново на Сител
-

Во ФЗОМ дијалог за зголемување на платите во здравство
-

Трамп е блиску до донесување одлука за започнување голема војна на Блискиот Исток, шансите се 90%
-

Поранешните лидери на ОВК се изјаснија за невини во завршните зборови пред судот во Хаг
-

Шест обиди за измами со лажни лекари, пет во Неготино и еден во Велес
-

Приведени шест возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
-

Орбан: Украина ја уценува Унгарија со затворање на нафтоводот „Дружба“
-

Јаневска: Универзитетите да отвораат студиски програми според потребите на пазарот на труд
-

Од раѓање до уништување: Животниот циклус на една планета
