Македонија
14. јуни 2020 - 19:04

ИТМ: Безбедна крв спасува животи и во пандемија

На 14 јуни се одбележува Светскиот ден на крводарителството под мотото “безбедна крв спасува животи и во пандемија”. По тој повод од Институтот за трансфузиона медицина потенцираат дека крвта е незаменлив лек секојдневно потребен во спасување на луѓе кои имат потреба од неа.

-Нејзината улога е бесценета, се спасуваат итни случаи, болни и повредени, животно загрозувачки пациенти а во дадениот момент тоа е највредното нешто што можеме да му го дадеме. Крводарителот е херој кој може да ја врати насмевката кај овие пациенти, среќата кај нив и нивните семејства. Овој ден е посебен за крводарителите, херои на денешното време. Во овие тешки времиња кога светот и нашата земја се соочуваат со пандемија, време на оганичено време и простор нашите крводарители секојдневно ги посетуваат просториите каде се дарува крв, велат од ИТМ и додаваат дека неодамна во Институтот за трансфузиона медицина се изготви протокол за дарување на конвалесецентна плазма.

Дарител на конвалесцентна плазма може да биде секое лице кое е излечен од COVID-19 болест и кој ги исполнува условите за дарување наведнати во протоколот. Конвалесцентана плазма содржи антитела против коронавирусот и истите може да се користат во третманот на заболени со COVID-19 болеста.

Црвен Крст на РМ и Институтот за трансфузиона медицина изготвуваат годишен интегрален план на крводарителски акции со кој се обезбедува континуиран прилив на доволни количини на крв. Истото е подржано и од Министерство за Здравство.

-Ова година се соочуваме и со пандемијата која е предизвик и потешкотија во спроведување на Годишниот интегрален план. Истото со заеднички активностии се одржува крводарувањето на задоволително ниво. И во вакви услови досега вкупно имаме 21301 дарувања на крв, 157 дарувања на тромбоцити и 16 дарувања на конвалесцентна плазма од кои 7 дарувања со постапка плазмафереза на клеточен сепратор и 9 преку стандартно дарување на целокупна крв со што се обезбедија 23 единици конвалесцентна плазма за третман на 23 пациенти со COVID-19, соопштија од ИТМ и изразија благодарност до нашите херои, крводарители, дарители на тромбоцити и дарителите на конвалесцентна плазма и да им го честитамe овој ден и им посакуваме здравје на нив и нивните семејства.