Балкан
30. January 2018 - 12:50

Итни мерки за намалување на загадувањето на воздухот во Приштина

Градоначалникот на Приштина, Шпенд Ахмети соопшти дека од утре се преземаат итни мерки за намалување на загаденоста на воздухот во градот.

Мерките ќе се применуваат во соработка со Министерството за животна средина и Министерството за внатрешни работи.

Предвидено е намалување на бројот на возила кои се движат низ главниот град, како и запирање на возила што доаѓаат од други градови во периодот од шест до девет часот односно од 16 до 22 часот, како и воведување на системот пар - непар возила со приштински регистарски таблички. Автомобилите со таблички со непарен број ќе возат во деновите кога е непарен датум и обратно.

Предвидено е на возилата кои нема да им биде дозволен влез во Косово да им се обезбеди паркирање на одредении локации, додека градскиот превоз ќе биде бесплатен, а на превозниците штетата ќе им биде надокнадена од средствата на Владата на Косово.

Со посебна одлука се забранува и продажба на јаглен и негово користење за греење.