Македонија
8. December 2017 - 13:01

Итно пренесена на Ургентен, тешко повредена работничка од Куманово

Вчера во 17,00 часот во ПС-Куманово од Медицинскиот Центар-Куманово, било пријавено дека кај нив била донесена повредена В.Д. (53)  од Старо Нагоричане.

Жената која истиот ден околу 13,30 часот додека работела во фабрика лоцирана во село Драгоманце, паднала и се повредила во пределот на двете стапала, при што се здобила со тешки телесни повреди и како итен случај била пренесена на лекување во Ургентниот Центар-Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово во присуство на инспектор од Државен инспекторат за труд.