Иванов: Ако ЕУ го интегрираше Балканот состојбата со мигрантите ќе беше поинаква
Ако Европската унија навреме го интегрираше регионот кој сега бегалците го користат како коридор состојбата со мигрантите ќе беше поинаква, Шенген границите ќе беа заштитетни, а одговорноста на државите ќе беше поделена. Сега Балканскиот коридор и бегалската криза го тестираат Шенген.
Ова го истакна претседателот Ѓорге Иванов во обраќањето на 6. Состанок на високо ниво во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“ на воведната сесија насловена „Што значи солидарноста во контекст на актуелните глобални предизвици“.
- Унијата дозволи Балканскиот коридор да стане лавирин во кој се заглавија и мигрантите и земјите-кандидати за членство во Унијата. Сега и државите и мигрантите ги трпат последиците од овие пропусти на Унијата, а во тој лавиринт најлесно се снаоѓаат организираните криминални групи и нивните мрежи, нагласи Иванов.
Според него, мигрантската криза ја разоткри суштината на Европа, која е фокусирана на самата себе, неодлучна кон соседството и рамнодушна кон мигрантите. Иако, некои европски држави се поотворени кон мигрантите, вели, повеќето држави барат тие да минуваат низ некои други рути и да се упатуваат кон некои други дестинации.
- Но секоја криза е и можност... Мигрантската криза е електро-шок за реанимација на стврднатото и рамнодушно европско срце. Првата можност е враќање на солидарноста и ревитализација на етиката и на моралот, порача Иванов.
На Европа која старее, додаде тој, европската конкурентност се повеќе ќе и зависи од мигрантите како двигател на европската економија, а тие пак со себе ја носат својата етничка, јазична и религиска разновидност.
- Европа мора одново да научи да живее со своите најдлабоки религиски и културни разлики. Неопходен е одржлив модел на интегрирање на бројните имигранти, а единствен одржлив е моделот на интеграција без асимилација што подразбира почитување и прифаќање на разликите, смета претседателот Иванов.
Реномираниот собир, на кој учествуваат актуелни и поранешни шефови на држави и влади од регионот, го отвори бугарскиот претседател Росен Плевнелиев. Тој побара од ЕУ одлучност и одговорност за бегалскиата криза, враќање на темелните вредности на почитување на човековите права и солидарност, како и обединетост во справувањето со причините, а на само решавање на последиците од кризата.
- Во тешки времиња само интеграцијата може да не спаси да преживееме. ЕУ треба да го препознае афинитетот кон евроинтеграциите од страна на балканските земји и да им помогне. Република Бугарија ги поддржува интеграциите на своите соседи кон евроатланстките структури, но интеграцијата не се дава во Брисел, таа се заслужува со силни реформи, добрососедстви и споделување на заеднишките вредности, рече Плевнелиев.
Kонференцијата во Софија, насловена „Нови визии на партнерство и соседство за Европа“, е организирана од Меѓународниот центар „Низами Ганџави“ од Азербејџан и Фондацијата на поранешниот бугарски претседател Петар Стојанов, кој го отвори форумот.
На дводневниот форум ќе учествуваат актуелни и поранешни шефови на држави и влади од регионот и пошироко кои ќе дебатираат за состојбите со напливот на мигранти и мерките за справување со ова прашање од политички, економски и хуманитарен аспект.
За време на работната посета на Република Бугарија, предвидено е претседателот Иванов попладне да оствари средба со бугарскиот претседател, Росен Плевнелиев. Шефот на македонската држава утре ќе се сретне со претседателот на Претседателството на БиХ, Младен Иваниќ.
Вчера во организација на Атлантскиот клуб на Бугарија, Иванов одржа предавање на тема „Македонија во НАТО: очекувањата од НАТО Самитот во Варшава“.
Македонскиот претседател ќе го заврши престојот во Бугарија утре со посета на Културно - информативниот центар на Република Македонија во Софија.
Ново на Сител
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Подигнати 42 кубни метри отпад од диви депонии во Аеродром, Чаир, Кисела Вода и Карпош
-
Почина неврохирургот проф.д-р Владимир Мирчевски
-
Герасимовски: Бесплатна градинка за деца Роми од ранливи семејства
-
Со камион удрил во заштитната ограда, скопјанец загина на автопатот Демир Капија - Гевгелија
-
Од 15 ноември задолжително поседување зимска опрема
-
Околу 350 деца Роми ќе бидат згрижени бесплатно во јавните градинки во 21 општина
-
Приведен вработен во ЈП Национални шуми - Добивал по 200 евра месечно за дозволи за сеча на дрва