Иванов: Европската унија да престане да ја блокира нашата иднина

Европската унија да престане да ја блокира нашата иднина. Блокадата не е ништо друго освен казна за македонските граѓани, порача македонскиот претседател Ѓорге Иванов во своето годишно обраќање денеска од неговиот кабинет.
- Не бараме изговори и свесни сме за нашите пропусти. Но, исто така, свесни сме за пропустите и за неисполнетите обврски на НАТО и на Европската унија кон Република Македонија. Нашите партнери во Брисел зборуваат за владеење на правото во Македонија. Апсолутно се согласувам дека треба уште многу да работиме на ова поле. Но, истовремено ги прашувам – ако ни забележувате за состојбата во судството, тогаш зошто не ни дозволувате да ги отвориме 23. и 24. поглавје за правосудството, основните права, правдата, слободата и безбедноста?“, рече претседателот Иванов.
Според него, однесувањето на НАТО и ЕУ кон Македонија се одразило на нашата внатрешна политика.
- Неодговорното однесување на НАТО и на Европската унија кон Македонија неминовно се одрази на нашата внатрешна политика. Се изгуби реформскиот моментум, се затегнаа односите меѓу политичките партии и се намали трансформирачката моќ на Унијата. Последиците од блокадата станаа причина за нови блокади на Република Македонија. Секој проблем што го игнорирате доволно долго, ќе се јави како симптом што ќе боли. Тука доаѓаме до втората, внатрешна причина за политичката криза, рече македонскиот претседател.
Тој со повик до ЕУ да престане да ја блокира иднината на Македонија.
- Ја повикувам Европската унија да престане да ја блокира нашата иднина. Блокадата не е ништо друго освен казна за македонските граѓани. Со блокирањето на преговорите се блокира можноста за градење одговорни, европски институции во Република Македонија. Со блокадите, нам ни се ускратува правото на просперитет. Повторувам, со блокадите ни се ускратува правото на просперитет. Затоа, време е за поголема одговорност на Унијата кон Македонија, порача претседателот Иванов во годишното обраќање.
Ново на Сител
-

По децении дивоградби аеродромот во Охрид и МВР добија имотен лист
-

Обвинетиот Стојанче Јовановски прво призна вина, па се предомисли
-

Мицкоски во Унгарија
-

Тема на денот со Арбен Таравари, претседател на Алијанса за Албанците
-

Сител сторија: Спомен домот на Разловечкото востание конечно ќе види светли денови
-

Обвинетиот Стојанче Јовановски прво призна вина, па се предомисли
-

Убиство во Росоман, ја усмртил мајка си и се пријавил во полиција
-

Отфрлена претставката на обвинителката Ристоска, изјавите на премирот не биле притисок
