Иванов му го честита на Трамп стапувањето на функцијата претседател на САД

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов упати честитка до Доналд Трамп по повод стапувањето на должноста Претседател на Соединетите Американски Држави.
- Ми претставува особена чест и задоволство да ви го честитам стапувањето на должноста 45-ти претседател на Соединетите Американски Држави и да ви упатам најискрени желби за успешно извршување на високата и одговорна функција. Воедно, преземањето на должноста ви го честитам и во името на сите граѓани на Република Македонија, вели Иванов во честитката.
Македонскиот претседател изразува надеж дека со заемен ангажман ќе се даде личен придонес за интензивирање, продлабочување и зацврстување на стратегиското партнерство и пријателство меѓу Република Македонија и Соединентите Американски Држави, за што, потврдува дека постои особен интерес и подготвеност од Република Македонија.
- Длабоко сум уверен дека со вашето лидерство Соединетите Американски Држави ќе продолжат по патот на прогресот. Но верувам дека вашето лидерство e значајно и на глобален план, особено сега кога светот се соочува со бројни предизвици и кога повеќе од било кога е неопходно единство, заемно почитување и искрена соработка. Високо ги почитуваме вашите ставови и надворешно политички цели. Глобалниот поредок има потреба од јакнење на пријателството меѓу државите, без наметнување на интересите и со почитување на правото на избор на нациите во светот. Сакам да знаете дека во Република Македонија и во мене имате искрен пријател и поддржувач, вели претседателот Иванов во честитката до неговиот американски колега Трамп.
Ново на Сител
-

Македонија и Албанија ќе потпишат договор за воспоставување заеднички гранични премини
-

Со „Безбеден град” бројот на загинати во сообраќајот намален за 40 проценти
-

Месечниот број на издадени електронски услуги зголемен за 892 отсто
-

Следува нов топлотен бран, температури до 39 степени, од среда можно освежување
-

Политика: Цените во Србија се пониски од европскиот просек
-

Швајцарските глечери се топат со алармантна брзина поради топлотниот бран
-

Андоновски: Со „Везилка“ уште ова лето ќе се видат првите резултати од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор
-

Де ла Фуенте: Оваа Шпанија прима малку голови и знае како да постигне гол
