Македонија
17. September 2015 - 8:40

Иванов на Конференција на началниците на ГШ од земјите членки на Јадранската повелба и САД

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ќе се обрати на отворањето на 19-та Конференција на началниците на генералштабовите на армиите од земјите членки на Јадранската повелба (А5) и САД, што ќе се одржи во Охрид.
 
Тема на конференцијата е „Здружените напори во постигнување на НАТО партнерските цели и способностите на силите“.
 
Јадранската повелба е партнерство формирано во 2003 со цел заеднички и координирани активности за што побрзо исполнување на критериумите и стандардите на НАТО, како и превземање на заеднички иницијативи за градење мир, демократија, стабилност и просперитет во регионот на Југоисточна Европа.