Иванов на седница на Националниот совет за одржлив развој
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ќе се обрати на петтата седница на Националниот совет за одржлив развој со која ќе претседава вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.
На седницата ќе бидат разгледани досегашните и идни активности на Република Македонија во пресрет на учеството на Самитот на ОН за климатски промени, што ќе се одржи во Париз, и ќе бидат разменети мислења во однос на усвоената декларација на Самитот на ОН за одржлив развој, што се одржа во Њујорк.
На настанот обраќање ќе имаат и француската амбасадорка Лоренс Оер и претставникот на УНДП во Македонија, Луиза Винтон.
На трибината ќе учествуваат високи владини претставници, експерти во областа на економските и општествените прашања и животната средина, како и претставници на стопанските комори и на академскиот сектор.
Ново на Сител
-
Надлежните најавуваат надминување на состојбата на Онкологија
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Прес конференција на претседателот на СДСМ
-
Проблеми со откупот на оризот
-
Потребна е поголема грижа за талентираните деца
-
Преглед на вестите од светот
-
Репортажа за Македонската Дијаспора во Пиемонте - Италија
-
Партиите не прекинуваат со обвинувања - кој е виновен за кризата и голготата на онколошките пациенти