Иванов на состанок на „Брдо-Бриони Процесот“ и на „Самит 100“ во Сараево

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска и утре ќе учествува на состанокот на лидерите на „Брдо-Бриони Процесот“ и на регионалната бизнис иницијатива „Самит 100“, што се одржува во Сараево.
На денешниот „Самит 100“, покрај шефот на македонската држава, ќе учествуваат и членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ, Младен Иваниќ и Драган Човиќ, претседателите на Хрватска Колинда Грабар- Китаровиќ, на Словенија Борут Пахор, на Црна Гора Филип Вујановиќ, на Србија Томислав Николиќ, на Албанија Бујар Нишании и на Косово Хашим Тачи.
На годинешниот „Самит 100“, насловен „Нов договор за ново време“, ќе учествуваат и бизнис лидерите и истакнати претприемачи и стопанственици од Југоисточна Европа, а главни теми на дискусија ќе бидат одржливото снабдување со енергија, моделот на циркуларна економија, брендирање на регионот, транспорт и инфраструктура, создавање работна сила на иднината и кластер на автомобилската индустрија.
На „Самит 100“, претседателот Иванов ќе биде придружуван од министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции Џери Наумоф.
На утрешниот состанок на „Брдо-Бриони Процесот“, пак, покрај лидерите на државите од регионот, специјален гостин ќе биде претседателот на Италија, Серџо Матарела.
На состанокот на лидерите на „Брдо-Бриони Процесот“ во Сараево, претседателите ќе разговараат за актуелните состојби во регионот, евроинтеграциите и проширувањето на Европската унија, како и за унапредување на регионалната соработка.
Ново на Сител
-

ДПТ стана дел од владејачката коалиција
-

ВРЕДИ гледа вмешаност на ДУИ во скандалот на „Ќафасан“
-

Построги правила за студентите во домовите со новиот Закон за студентски стандард
-

Разоткриена ИПАРД шемата: Поткуп од 50 илјади евра за проект од половина милион
-

Летниот одмор годинава поскап за 15% од ланскиот
-

Следната недела ќе се знае дали Охрид ќе го задржи статусот на светско наследство
-

ВМРО-ДПМНЕ: Подготвени сме да ги прифатиме барањата на опозицијата
-

Касами: Можни се вонредни избори во Тетово
