Иванов на средба со македонската дијаспора во Лондон, денеска во британскиот Парламент

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, во рамки на работната посета на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, денеска ќе има средба со спикерот на Долниот дом на британскиот Парламент, Џон Беркау и со спикерот на Горниот дом на британскиот Парламент, Лорд Фаулер, а ќе има обраќање во Кралскиот институт за меѓународни односи „Чатам хаус“ на тема „Македонија, миграциите и безбедноста: научени лекции“.
Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, вчеравечер во Лондон се сретна со преставници на македонската дијаспора.
На средбата претседателот Иванов се запозна со тековните активности и учеството на преставниците на македонската дијаспора во општествениот, економскиот, културниот и политичкиот живот во Велика Британија.
Македонскиот претседател повика на сплотеност и единство на претставниците на македонската дијаспора и на нивна натамошна активна вклученост и придонес во развивањето и унапредувањето на односите и соработката меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство.

Претставниците на македонската дијаспора заблагодарувајќи се за можноста за средбата со претседателот Иванов, ја истакнаа потребата од нова стратегија и реформи во образовниот систем, со цел младите да останат во Република Македонија.
Македонскиот претседател при секоја посета на странска држава, традиционално остварува средби со македонските иселеници и во континуитет се залага за развој на односите со дијаспората, преку оддавање признанија за нивните успеси како поединци и здруженија
Ново на Сител
-

Менаџерот ја има клучната улога во угостителскиот сектор
-

Во недостиг на ученици започна борбата кај средните училишта кој да запише повеќе ученици
-

Тема на денот со Александар Атанасовски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски - нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина
-

Кривични пријави за насилството го преполнија полицискиот билтен
-

Почнува судењето за апелацискиот судија кој во ѕид сокри 350 илјади евра
-

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си разменија обвинувања – кој е патриот, а кој предавник
