Македонија
20. May 2017 - 9:09

Иванов на Светски економски форум за Блискиот Исток и Северна Африка во Аман

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска престојува во работна посета на Хашемитското Кралство Јордан по повод учеството на Светскиот економски форум за Блискиот Исток и Северна Африка, што се одржува во Аман.

Иванов, како што соопшти неговиот Кабинет, ќе учествува на пленарната сесија на свеченото отворање на Светскиот економски форум за Блискиот Исток и Северна Африка и на сесијата на тема „Заштита на бегалци: наша морална одговорност“.

Во рамки на работната посета, претседателот Иванов ќе оствари билатерална средба со кралот на Хашемитското Кралство Јордан, Абдула II, како и повеќе билатерални средби со учесниците на форумот.

На Светскиот економски форум за Блискиот Исток и Северна Африка е најавено учество на над 1.000 политички лидери, претставници од бизнис секторот и цивилното општество, од повеќе од педесетина држави.

Домаќин на форумот е Кралот на Јордан, Н.В. Абдула II.Меѓу лидерите на Светскиот економски форум, што се одржува во Аман, Мртво Море, е Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, кој учествуваше на пленарната сесија на свеченото отворање на форумот на кој се се обратија Принцот на Јордан, Кралот на Шпанија и претседателите на Ирак и Нигерија. Лидерите од целиот свет дискутираат на повеќе теми кои се од глобално значење. Меѓу темите на дискусија е улогата на Кралството Јордан во регионот, економските перспективи на земјите од овој регион, промените во геополитиката и хуманитарните предизвици во однос на состојбите во Сирија, Ирак и Либија, како и актуелната мигрантската криза.

Темите на дискусија на форумот се однесуваат на улогата на Кралството Јордан во регионот, економските перспективи на земјите од овој регион, промените во геополитиката и хуманитарните предизвици во однос на состојбите во Сирија, Ирак и Либија, како и актуелната мигрантската криза.

Јордан важи за оаза на стабилност и мир на Блискиот Исток, иако е прв сосед на најголемите регионални  кризни жаришта, “тампон зона“ помеѓу Израел и неговите регионални противници и крстопат помеѓу наголемите шиитски и сунитски држави.