Македонија
1. March 2017 - 18:12

Иванов: Останува да се исполнат роковите воспоставени со Уставот

Претседателот Ѓорѓе Иванов соопшти дека денеска имал консултативна средба со лидерот на СДСМ, Зоран Заев во однос на одлуката за доделување мандат за состав на Влада, на која го запознал за сите правни мислења за кои вчера разговарал со компетентни правни експерти. Според нив, во согласност со член 90, мнозинството е постигнато и тоа е основа за да се додели мандатот за состав на Влада.
 
– Сепак, според правните експерти, проблем се роковите. Имено, за да се испочитува член 90 од Уставот на Република Македонија останува исполнувањето на роковите кои се утврдени со Устав. Почитувањето на роковите е неопходно за трансферот на власта да биде легален и легитимен. Разговаравме за повеќе решенија како да се надмине проблемот со роковите и да се додели мандатот, а притоа одлуката да не биде во спротивност со член 90 од Уставот. Ова прашање е лесно надминливо и за тоа постојат решенија, особено сега кога е веќе обезбедено мнозинство во Собранието. Во спротивно, мојата одлука за доделување на мандат без запазување на рокот од 10 дена даден во член 90 може да биде оспорена, истакна Иванов во своето обраќање.
 
Му предложил на Заев да изврши консултации и да го извести за нивниот став за понудените решенија.