Иванов се сретна со претседателот на словенечкиот Парламент, Милан Брглез

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, денеска го прими Милан Брглез, претседател на Државниот збор на Република Словенија, кој престојува во посета на Република Македонија.
На средбата, информираат од Кабинетот на Иванов, беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Македонија и Република Словенија, вклучувајќи ја соработката на парламентарно ниво, при што беше констатирано дека во континуитет двете земји негуваат пријателски односи, без отворени прашања, базирани на долгогодишна конструктивна соработка и заемна поддршка на билатерален и мултилатерален план.
Претседателот Иванов изразил задоволство од добрата динамика на политичкиот дијалог меѓу двете земји и континуираната реализација на средби на високо ниво.
На средбата претседателот Иванов изразил благодарност за континуираната и принципиелна поддршка од Република Словенија за аспирациите на Република Македонија за членство во Европската унија и во НАТО, како и за поддршката во однос на бегалската и мигрантската криза. Претседателот Иванов изразил очекувања дека и во периодот што следи ќе продолжи соработката меѓу двете земји на планот на европските и евроатланските интеграции на Република Македонија, во рамки на Брдо Бриони Процесот, Процесот за соработка во југоисточна Европа и останатите регионални иницијативи.
Во разговорите била посочена потребата за продлабочување на економската соработка и зголемување на трговската размена меѓу двете земји, за што било констатирано дека постои голем потенцијал.
Двајцата соговорници размениле и мислења за актуелните случувања во регионот и во Европа, особено во контекст на безбедноста и ја констатирале потребата од засилена соработка со цел да се обезбеди мирот и сигурноста во регионот.
Ново на Сител
-

ДКСК го оспорува предлог-законот за „Скопје – Европска престолнина на културата“
-

Цената на суровата нафта расте – Мицкоски очекува горивата да паднат во понеделник
-

Тензично во Собрание меѓу ДУИ и спикерот Гаши
-

Стоилковиќ: Општините се соочуваат со недостиг од кадар, стартува проект за студентска пракса
-

Мисајловски од Штип: Армијата со нова опрема и мисија
-

Две лица спасени од водите на Охридското Езеро
-

Арената во спортскиот центар „Борис Трајковски“ се ребрендира во „Т арена“
-

Преглед на вестите од светот
