-->
-->
Иванов: Сите граѓани да бидат сплотени и заедно
-->

Празниците се денови кога сме заедно со најблиските, кога славиме, кога се радуваме и воздигнуваме. Посакувам во текот на целата година сите граѓани на Република Македонија да бидат сплотени, да бидат заедно и да ги пребродат сите предизвици со кои се соочуваат во животот. Посакувам се најубаво за сите, да сме сплотени, заедно да мислиме за се она што доаѓа и што го оставаме во наследство за нашите поколенија.
Тоа денеска го порача претседателот Ѓорѓе Иванов, кој заедно со семејството присуствуваше на утринската свечена богослужба во црквата „Свети Ѓорѓија“ во Охрид по повод празникот Велигден.
-Од ова наше најсвето место, од нашиот православен Ерусалим на сите верници им го честитам овој голем христијански празник Велигден, со традиционалниот поздрав Христос Воскресна – Навистина Воскресна, рече Иванов.
Радосната вест за Христовото воскресение и победата над смртта синоќа на полноќ беше прославена во православните храмови во Охрид, во присуство на бројни верници од градот, земјата и соседните држави.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Стопанска комора бара да се скратат празнични неработни денови, за да се зголеми продуктивноста на работниците
-

Технологијата ги дава одговорите, но наставникот ги поставува вистинските прашања
-

Ново археолошко богатство кај Корошишта
-

Премиерот Мицкоски во Теарце
-

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со селективна борба против корупција
-

Јаневска: Да го вратиме достоинството на наставникот
-

Преглед на вестите од светот
-

Teма на денот со Стојанче Ангелов
