-->
-->
Иванов: За помилувањата ќе постапувам согласно законот и Уставот
-->
Ќе го почитувам исклучиво законот и Уставот, изјави денеска претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, запрашан како ќе постапи доколку лицата за кои не ја повлече аболицијата не достават барања во законски определниот рок за тоа, што беше овозможено неодамна со донесување на дополнувањето на Законот за помилување.
Иванов, кој учествува на Самит на ПСЈИЕ во Софија, повтори дека во неговата одлука не била незаконска и противуставна и оти била донесена со цел да се овозможи начин за излез од политичката криза во земјата, јави известувачот на МИА од бугарската престолнина.
- На лидерите им понудив решение од кризата, да има помилување, за сите предмети што се и на власта и на опозицијата да се замрзне постапката што е овозможена и со Уставот и со законот. Значи нема ништо незаконско и неуставно. Тие одбија на таков начин да се реши кризата и создадоа законски услови за да може тоа да се повлече. Јас чекав согласно роковите во законот да поднесат барање. Тоа се поединечни акти, одлуки и решенија за секој кој е помилуван. Бидејќи немаше од никого реакција, ниту достави некој, тогаш мојата одлука беше за сите тие што имаше најмногу реакции дека политичарите се надвор од законот, дека се над законот, дека тие не одговараат. Затоа моето повлекување се однесуваше на сите политичари што беа опфатени со помилувањето. Законот овозможува за сите други лица да си поднесат, како што изјавуваа претходно, дека се подготвени да поднесат барање, рече македонскиот претседател.
Се уште, како што наваеде Иванов, ги очекува нивните барања.
- Затоа што законот има рокови, и очекувам од сите оние кои не се политичари, а се дел од таа листа согласно роковите да поднесат барање и да им се овозможи тоа што ќе го побараат, рече Иванов.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трет обид за ликвидација на Раде Трајковски Штекли - Фрлена бомба во двор на неговата куќа
-
Собранието ја стартува расправата за буџетот, поднесени над 300 амандмани
-
Таравари до Ахмети: Наместо избори, работете на реформи во партијата и адаптација во опозицијата
-
Утре стартува јавната дебата за реформи во судството
-
Само 12% од компаниите имаат вработени ит експерти, Македонија зад европскиот просек
-
Социјално ранливите се борат со глад
-
Преглед на вестите од светот
-
Минималец од 450 евра сега, во март ќе бараме повеќе