Ивановска: Граѓаните се желни за правда, владата да им помогне и на другите општини

Претседателката на анти-корупциската комисија Билјана Ивановска вели дека владата мора да им помогне и на другите општини кои имаат проблем со дивоградбите за да покаже дека ова што го видовме денеска пред ТЦ Мавровка не е инцидентен случај. Таа во гостувањето во Дневникот на Сител порача дека граѓаните се желни за правда.
- Почитувањето на законот е огледало на демократска држава. Дивоградбите станаа наше секојдневие, а луѓето се желни за правда и кога ќе се случи вакво нешто за прв пат државата во име на општина да руши се доживува со восхит. Факт е дека се голем проблем дивоградбите и мора да се справиме со тој проблем, рече Ивановска во Дневникот на Сител.
За платформите на Матка Ивановска смета дека политички сили се уште не се до одмериле таму и затоа платформите стојат. Според неа, само ако јавниот интерес го ставиме на прво место тогаш ќе имаме резултати.
- Ако владата е на помош на една општина треба да знае дека и други кубурат со дивоградби нека им помогне и на нив. Нека биде принципиелна за да не биде ова изолиран случај, порача Ивановска.
Иван Кузмановски
Ново на Сител
-

Нови правила за фер вработувања во јавниот сектор
-

Целосно е реновирано одделението за трауматологија на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“
-

Невремето предизвика големи штети врз земјоделските посеви во Струмичко
-

Ден по големото невреме што го погоди Скопје
-

Во Гостивар состојбата се следи тековно
-

Реконструирано одделението за трауматологија во ЈЗУ Универзитетска Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“
-

Втор ден од официјалната посета на претседателката на Индија во Македонија
-

Незадоволство во Ѓуземелци, од Општина Лозово велат дека се дезинформации
