Ивановска: Судиите и јавните обвинители дел од Годишниот план за следење на имотната состојба и судирот на интереси за 2020
Поготовката на Националната стратегија врз основа на анализата на ризици е во тек. Согласно утврдените ризици во анализата, правосудството е оценето како столб со висок ризик од коруптивни и други влијанија, па оттаму носителите на функции од овој столб (судиите и јавните обвинители) ќе бидат дел од Годишниот план за следење на имотната состојба и судирот на интереси за 2020 година.
Ова е одговорот од претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска на прашањето денеска од МИА за повикот што вчера од трибината „На прав пат“ во Скопје го упати премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев до ДКСК да отвори постапки за проверка на имотот на судиите и обвинителите, а УЈП, Катастарот, Централниот регистар, МВР и Финансиската полиција уште овој месец да почнат проверки на имотот на судии, обвинители и членови на нивните семејства.
Таа повтори дека ДКСК веќе има изградено став по тоа прашање и согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси усвојува Годишен план за наредна година, за следење на имотна состојба и судир на интереси, врз основа на извршена анализа и проценка на ризици од корупција во одредени области, што е и основа за изготување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси.
Годишниот план ќе се утврди и ќе се спроведе врз основа на законските надлежности, а согласно расположливите човечки и материјално – технички капацитети на Државната комисија.
Законските надлежности на Државната комисија во делот на следењето на имотната состојба се спроведуваат преку проверка на вистинитоста на податоците внесени во анкетните листови, како и испитување на имотната состојба доколку има основано сомневање дека имотот на лицето е несразмерно зголемен во споредба со неговите редовни примања и примањата на членовите на неговото семејство.
Во делот на следењето на состојбата на судирот на интереси, Државната комисија ги проверува податоците од изјавите за интереси кои се однесуваат на работни места, членство во управни и надзорни одбори, здруженија на граѓани и фондации и други податоци кои се однесуваат на избраните и именуваните лица и членовите на нивните семејства.
– Испитувањето на имотната состојба, е нова надлежност на Државната комисија, за чие спроведување потребно е зајакнување на постојните човечки и материјално – технички услови и вклучување на други истражни органи, појаснуваат од ДКСК.
Имајќи ја предвид искажаната подготвеност на премиерот за ставање на располагање на сите капацитети на извршната власт за ефикасно спроведување на постапките за испитување на имотната состојба, Државната комисија смета дека е неопходна координација на сите надлежни институции, но врз основа на конкретни задолжувања од страна на Владата на Република Северна Македонија.
Ново на Сител
-
Одложен е тендерот на кој ЕСМ требаше да понуди цена по која ќе му продава струја на ЕВН
-
Тема на денот со поранешните конгресмени Дејвид Хагс и Бил Флорес
-
Тошковски: 15 службеници издавале дозволи за оружје незаконито, опозицијата го обвинува дека отпушта професионалци
-
Кумашини на Ѓорчевски први ги поврзале исчезнувањата на Вања и Панче
-
Директорот на Детска обвини поединци со лажни ФБ профили за хајка против него и клиниката
-
Втор ден комисиска расправа за буџетот - За власта развоен, за опозицијата погубен
-
Заврши рокот за докомплетирање на документации: Локална самоуправа ќе открие која Општина за што добила пари
-
Претходното раководство на Пошта од централниот објект сакало да направи кабаре