Loading Video...
Тенис
23. May 2023 - 20:00

Ивановски елиминиран од турнирот во Скопје

 
Големата македонска тениска надеж, Калин Ивановски загуби на стартот на турнирот Македонија Опен што се игра во Скопје и тоа во два сета од Хрватот Дино Призмиќ. За Ивановски турнирот продолжува со натпреварите во двојки. 
Љубителите на тенисот во Скопје во голем број дојдоа да го проследат настапот на скопскиот Челинџер на најдоброрангираниот македонски тенисер. Но сепак противникот кој е подобро рангиран на АТП листата , хрватскиот талент Дино Призмиќ денеска беше подобар и триумфираше со 6-4 и 6-1 во сетови со што обезбеди настап во следната рунда против вториот носител на турнирот Евгени Донској од Русија. 
Ивановски одигра инаку солидно во првиот сет кога со поддршка од публиката се обиде да го изненади Призмиќ но не успеа по што падна во вториот сет и освои само еден гем. 
Македонскиот тенисер по мечот и се заблагодари на публиката и истакна дека играл против противник кој добро го познава и е во добра форма. 
Следните настапи на Ивановски ќе бидат на турнирот во двојки каде ќе игра заедно со Берк Бугариќ. Противници на стартот ќе им бидат тенисери од Индија.