ИВАП: Да им помогнеме на нашите колеги и семејства на настрадани во пожарот во Кочани
На страната за донирање „eCrowd“ e отворена кампања за членовите на ДНК, од кои дел ги загубија животите во кобната ноќ во дискотеката во Кочани.
„Тие ја исполнуваа тишината со музика. Да им возвратиме со грижа и поддршка! За Андреј, Панчо, Сара, Ана, Ѓорѓи, Филип, Александар, Игор, Александар, Мартин, Стево, Горан, Виктор“, се вели во апелот.
Асоцијацијата на ивент индустријата (ИВАП) покренува донаторска акција за поддршка на семејствата на нашите колеги кои ги загубија животите во ужасната трагедија на 16 март во Кочани, како и за оние кои се повредени и сè уште се борат со последиците. Асоцијацијата на ивент индустријата (ИВАП) покренува донаторска акција за поддршка на семејствата на нашите колеги кои ги загубија животите во ужасната трагедија на 16 март во Кочани, како и за оние кои се повредени и сè уште се борат со последиците.
„Собраните средства ќе бидат распределени подеднакво меѓу семејствата на загинатите и повредените колеги. Ако некогаш сте доживеале момент на магија на концерт, настан или фестивал, знајте – тие стоеја зад таа магија. Сите собрани средства ќе бидат префрлени на Асоцијацијата на ивент индустријата (ИВАП), која потоа ќе ги пласира кон семејствата“, се додава во апелот.
Нашето малку, е многу кога сме заедно!
Тоа е најмалку што можеме да направиме во овие тешки времиња за нашите колеги и нивните семејства.
Апелираме до сите колеги, музичари, уметници, компании и добри луѓе да ни се придружат во нашата хумана акција, за што побрзо овие средства да отидат кај оние за кои се наменети.
Во благодариме на Вашата хуманост!
Лимитот за донација на платформата е ограничен на 6 илјади денари, за поголема сума, тоа е можно само на сметката на Екрауд фондацијата.
Фондација Икрауд Скопје
Козјак 35/1-4
Жиро сметка 270078016610134, Халбанка
цел на дознака: ИВАП кампања
За донации од странство:
NAME AND ADDRESS: Fondacija IKRAUD Skopje, Kozjak 35/1-4
IBAN: MK07270722000068459
SWIFT: EXPCMK22
BANK: HALKBANK AD SKOPJE MACEDONIA
REFERENCE/DESCRIPTION: IVAP kampanja
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст