Иво Санадер излегува на слобода

Вонрасправниот совет на Жупанискиот суд во Загреб денеска го укина притворот на поранешниот хрватски премиер и шеф на ХДЗ Иво Санадер, кој веќе во текот на денот може да биде пуштен на слобода.
Како што јавуваат хрватските медиуми, на Санадер, кој веќе три години е во притвор, ќе му биде вратен пасошот и ќе излезе без плаќање кауција.
Жупанискиот суд така одлучи откако Уставниот суд заклучи дека Врховниот суд на Санадер незаконски му го продолжил истражниот затвор кога на 30 септември ја укина неправосилната првостепена пресуда во случајот „Фими медиа“.
Како што изјави неговата адвокатка Јадранка Слоковиќх, на Санадер ќе му биде вратен пасошот бидејќи не постои можност од бегство, а кога ќе се раздолжи во затворот Реметинац, тој може веднаш да излезе на слобода.
На одлуката на вонрасправниот совет на Жупанискиот суд незадоволната страна има право на жалба, но таа не го одлага извршувањето.
Ново на Сител
-

Народна банка: Употребата на дигитално плаќање на граѓаните бележи раст и во првиот квартал од 2026 година
-

Во мај за 9,1 проценти зголемен прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун
-

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжи со презентација на докази за ДПИ
-

Индустриското производство намалено за 0,3 проценти во првите пет месеци од годинава
-

Бројот на жртви во земјотресите во Венецуела достигна скоро 2.000
-

Во 2025 година 911 бесправно изградени објекти
-

Трамп лани пријави повеќе од 1,4 милијарди долари приход од крипто инвестиции на семејството
-

Нетанјаху нареди целосно уништување на инфраструктурата на Хезболах
